Кога станува збор за гардеробата што е предвидена да ја носат членовите на кралското семејство за време на службените турнеи, формулата е прилично сложена. Дипломатскиот изглед, функционалноста и професионалноста мора да бидат земени предвид, а наедно, тие треба да изгледаат и доволно пристапливо за обичниот граѓанин.
Па така, принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, минатата недела требаше да земе неколку фактори предвид и да се одлучи за комбинација која би била соодветна за повеќе пригоди, вклучително и посета на добротворната организација за спречување на самоубиствата во Ирска (PIPS), пазар на улична храна и прошетка покрај морскиот брег на Керик Конект.
Одлуката на Кејт се сведе на пастелно сина Winser London кошула со долга јака која се врзува во долга панделка. Кошулата ја спои со палто во соодветна боја и темно сини LK Bennett панталони со висок струк и Gianvito Rossi салонки. Принцезата го заокружи својот елегантен изглед со Missoma обетки од родохрозит, како и Nano Montreal чантата на DeMellier.
Овој моден избор се покажа како особено практичен и удобен во одреден неочекуван момент кога вработените на пазарот ги поканија Кејт и Вилијам да се обидат во миксологијата, натпреварувајќи се еден против друг во правење коктели.
На овој начин, Кејт уште еднаш докажува дека нејзината наклоност кон удобни, но елегантни и класични модни парчиња ѝ овозможува лесна прилагодливост на пригоди од различен тип.