Каква мода беше претставена на модната недела во Јужна Африка

9 октомври 2013

Живописни модни предлози, од футуристички до транс-сезонски за наредната есен-зима беа претставени на модната недела во Јужна Африка , која се одржа од 3 до 7 октомври.

Присутните имаа можност да видат ревии инспирирани од вампири, машка мода со 3Д изглед на ултра слаби манекени, шоу-а инспирирани од Етиопија и тамошните материјали и дезени.

Кожените парчиња исто така беа застапени на писта, како и унисекс и урбани колекции, кои содржат џемпери, фармерки кои секој може да си ги дозволи.
Објавено:
9 октомври 2013
Категорија: 
Актуел