Улична мода Копенхаген: Стилски и на велосипед!

13 август 2015

Копенхаген е дефинитивно градот што е обожуван од сите велосипедисти на светот. Всушност, тој е и еден од градовите каде има и најдобри услови за возење велосипед, па според тоа, токму велосипедизмот е омилената активност на тамошните граѓани.

Во моментов во Копенхаген се одржува тамошната модна недела, каде трендсетерите ја однесоа уличната мода на едно сосема поинакво ниво.

Голем дел од дамите што ги посетуваа ревиите, на истите пристигнаа со велосипед, но сепак, на стајлингот му посветија доволно внимание за да бидат супер впечатливи.

Девојките пристигнуваа на модните шоуа во килоти, блузички со принт, куси здолништа, но и фустани чии бои ги координираа со боите на нивните велосипеди.

Иако лето, тамошните девојки ни ги претставија деталите што и оваа есен ќе преовладуваат низ улиците, а тоа се крзнените парчиња во кои сме лудо вљубени.

Во продолжение, погледнете некои од стилските девојки кои не беа спречени од нивните дизајнерски чевли за да се качат на велосипед и да пристигнат на ревиите на Модната недела во Копенхаген!

 

Објавено:
13 август 2015
Категорија: 
Фото галерија
Прочитано:
3.136 пати