Долче и Габана го промовираа новиот велосипед со животински принт во Амстердам

16 јули 2014

Ова дефинитивно е најубавата вест на денот за сите вљубеници во велосипедизмот, а особено оние од женски пол.

Вашата омилена светска модна куќа Долче и Габана во градот на велосипедизмот, го промовираше своето последно уметничко дело – дизајниран велосипед со животински принт.

Промоцијата тие ја направија во нивната продавница во Амстердам, каде група на новинари и влијателни личности имаа шанса веднаш да го испробаат шик велосипедот низ улиците на нивниот прекрасен град.

За нивната тура низ улиците да биде уште попријатна, од брендот се погрижија да им обезбедат цела кошничка со ручек и вода во дизајнирано шише со истиот принт како оној на велосипедот.

Како што соопштија од брендот, лимитираната колекција на велосипеди, креативните дизајнери ја направиле со цел да ја искажат огромната почит што ја имаат кон здравиот живот и постојаната активност.

Нивниот одличен велосипед дефинитивно не е како и секој друг! Секој од колекцијата е направен рачно во Италија, со специјално изработено седиште од дизајнерите со логото на брендот, а кочниците се обложени со 24 каратно злато што дефинитивно го прави најсофистицираниот велосипед што светот некогаш го видел.

И додека сите сакаа „крукче“ со новиот велосипед на Долче и Габана, сите останати гости уживаа во чаша шампањ и одличната музика на „модниот“ диџеј Сани Џенсен.

Во лимитираната колекција има вкупно 20 велосипеди, а истите може да се најдат само во бутикот на брендот во Амстердам.

Објавено:
16 јули 2014
Категорија: 
Актуел