Канје Вест со неговата нова девојка, Џулија Фокс, периодов се честа мета на медиумите, особено откако почнаа се почесто да се појавуваат заедно во јавноста.
Деновиве парот е во Париз, каде од вчера започна неделата на Висока мода, а тие се меѓу публиката во првите редови.
Интересно е што вчера, за ревијата на Скјапарели, Канје се појави во драматично издание со црна маска на главата, со едвај видливи отвори за очите, во црно кожено одело со мото јакна и црни панталони.
Па изгледот нѐ потсети на исто толку драматичното појавување на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан, која на последното издание на Мет гала, се појави исто така во црн костим од Баленсијага, со иста таква црна маска која комплетно и го прекриваше лицето.
Дали постои некоја скриена порака во изборот на Канје или едноставно поентата е да го привлече вниманието на јавноста, останува „мистерија".
Би ги сместиле ли во рубриката стилски двобој?