Кара Делевињ ќе оди на детоксикација

15 август 2013

Cara-Delevingne-1

Славната манекенка Кара Делевињ заминува на двомесечен одмор. Иако нејзината насловна страница за W magazin за месец септември значеше продолжување на нејзината доминација во светот на модата, британските талбоиди овие денови пренесуваат дека манекенката ќе прави пауза од моделството.

Кара следната недела требаше да го прослави 21. роденден, забавувајќи се на Ибица, но после состанокот со нејзините шефови во модната агенција „Storm“, патот е откажан, а наместо на забава, манекенката ќе оди на третман на детоксикација во траење од шест недели.

Бројните модни ангажмани и паралелното забавување се чини оставиле последица врз младата ѕвезда. Нејзиното семејство исто така инсистирало таа да земе одмор. Овие денови ги поминува во вилата на Мик Џегер, каде и го прослави роденденот.

cara

Објавено:
15 август 2013
Категорија: 
Актуел