Кара Делевињ стигна и до восочна фигура!

17 декември 2014

Можеби восочната фигура на Наоми Кемпбел не би била некое изненадување бидејќи зад себе има долга и успешна кариера, но сепак тоа што се наметнува како прашање е зошто се посветува фигура на Кара Делевињ која во споредба со нејзината колешка е кратко дел од модната индустрија? Исто така, скулптурата на 22 годишната Делевињ е тотално спротивна од она по кое е таа позната, а тоа се дебелите веѓи. Тоа што дополнително привлекува внимание е аутфитот на скулптурата. Односно очекувано би било Кара да биде прикажана во фармерки и маица, но наместо тоа, восочната фигура е облечена во црно кожено боди, кожена јакна и чевли на висока потпетица.

Изгледа дека музејот Гревин во обидот да направи копија на Мадам Тисо, реализирал погрешна одлука во однос на восочните фигури. Но, светла точка на целата изложба е дека барем Наоми Кемпбел е прикажана во подобро издание. Погледнете ги фотографиите и споделете ги вашите мислења за двете восочни фигури.

Објавено:
17 декември 2014
Категорија: 
Актуел