Карли Клос и Duft Punk позираат за американски Vogue

17 јули 2013

Супермоделот Карли Клос позира со легендарното музичко дуо Daft Punk за августовското издание на амерички Vogue. Фотограф на ова ремек дело е Крег Мекдин. Дизајните се од модните куќи на Живанши, Александар Меквин, Гучи, Сен Лоран, а ги стилизираше Табита Симонс. Приказната е сместена некаде во иднината. Карли оди под рака со енигматското дуо кое носи роботски шлемови. Моќно, метално, светкаво и крајно необично освојување на Америка.

 

 

Објавено:
17 јули 2013
Категорија: 
Актуел