Пролетната кампања на модната куќа Coach!
•
28 декември 2013
Новата пролетна кампања на веќе етаблираната модна куќа Coach, ја красат три прекрасни манекенки Фреја Бехе Ериксен, Лиу Вен и Карли Клос. Пролетните модни визии и уникатните кадри кои вчера беа официјално промовирани пред медиумите, ги улови острото око на фотографот Крег Мекдин. Во оваа кампања секоја девојка го носи новата „it“ чанта која е од најквалитетна кожа со три функционални предни прегради. Оваа линија можете да ја пронајдете на нивната официјална страна.