Мајски Вог ја открива колекцијата на Кејт Мос за Топшоп

2 април 2014

Во мајското издание на британски Вог, премиерно ќе бидат објавени неколку парчиња од колекцијата која супермоделот Кејт Мос ја дизајнираше за брендот Топшоп. На нејзината јубилејна, 35-та по ред насловна страница за магазинот, Мос се појавува во фантастична силвер јакна со реси, секако од нејзината нова линија.

 

Низ внатрешните страници на магазинот ќе биде објавен едиторијалот кој ја најавува нејзината линија за Топшоп. Мос овојпат својата вообичаена улога и ја отстапува на манекенката Фреја Бех Еришен која позира за фотографот Крег Мекдин, а зад комплетниот  стајлинг се потпишува самата дизајнерка.

Доколку судиме според фотографиите кои се веќе објавени, ги чувствуваме бохо вибрациите, лежерниот хипи стил и опуштените кроеви карактеристични за фестивалската мода, а кои Кејт оддамна ги популаризира преку својот личен стил.

 

 

Објавено:
2 април 2014
Категорија: 
Актуел