Првата модна кампања на ќерката на Кејт Мос

6 мај 2017

Лила Грејс Хак, 14-годишната ќерка на топ моделот Кејт Мос, за прв пат се појави во модна кампања.

Се работи за британскиот козметички бренд The Braid Bar, во чија кампања Лила Грејс се појавува заедно со нејзината најдобра другарка, Стела Џонс, ќерка на Мик Џонс, гитарист во култниот панк бенд The Clash.

Лила Грејс претходно, заедно со својата мајка, се појави на насловна страна на магазинот Вог.

Како за потсетување, Кејт Мос ја почнуваше својата кариера како модел токму на возраста во која сега се наоѓа нејзината ќерка.

Објавено:
6 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
327 пати