Кејт Мос и нејзината ќерка Лила Грејс Мос се несомнено моќна модна двојка без разлика во чија кампања се појавуваат.
Неприкосновената Кејт, која важи за едно од најмноќните имиња во модната индустрија дефинитивно има помлада верзија од себе си која ги наследи убавите гени.
Овој пат Кејт и Лила заедно позираа за најновата кампања на Fendi, односно ја рекламираа Peekaboo чантата, која што настана 2009-та година.
Моделот тогаш беше презентиран во рамки на колекцијата пролет/лето под палката на единствениот Карл Лагерфелд.
Во 2013-та модната куќа ја Fendi ја креираше Monster едицијата по што се случија многу соработки трансформации на моделот.
Пет години подоцна во 2018-та на модната сцена се појави и Peekaboo X Lite моделот, додека во 2020-та ја видовме Peekaboo ISeeU верзијата.
Кејт и Лила често заедно се појавуваат на црвениот тепих, како на пример на Мет Галата каде токму Fendi се потпиша на стајлингот.
View this post on Instagram
Фото: Pinterest, Instagram