Лондон веќе три дена е центар на светската мода. Освен тоа што досега имавме можност да ги видиме креациите на најдобрите светски дизајнери, на модните ревии можеа да се видат и некои од најпознатите светски фаци.
Најголем впечаток оставија прекрасната Кејт Мос и нејзината 10 годишна ќерка Лила Грејс, за која дефинитивно можеме да кажеме дека е време да почне да ги следи чекорите на нејзината мајка.
Тие се појавија на ревијата на Топшоп Јуник за која многумина кажаа дека истата е можеби најкул ревија досега. На лондонската модна недела фамозно пристигна и пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам кој изгледаше неверојатно секси и подобро од било кога.
Таму се појавија и ѕвезди од калибарот на Мик Џегер, пејачката Палома Феит, девојките од британската група Шугарбејбс, омилениот меѓу тинејџерките Хари Стајлс, Кели Озборн, Ели Гулдинг и уште многу други британски и светски ѕвезди.
Погледнете ги нивните комбинации за овогодинешната модна недела во галеријата подолу.