Кејт и Вилијам ја објавија првата празнична честитка како принцеза и принц од Велс

14 декември 2022

Додека светот е „опседнат" со документарецот на Меган Маркл и Хари во продукција на Нетфликс, другото кралско семејство, Кејт Мидлтон и Вилијам на нивниот официјален Инстаграм профил ја објавија својата прва празнична честитка како принцеза и принц од Велс.

Традиционално секоја година кралското семејство објавува божиќна честитка пред празниците, со симболична семејна фотографија.

Овојпат семејната хармонија на кралското семејство ја документираше фотографот Мет Портеус, а на фотографијата се прикажани Вилијам, Кејт и нивните три деца Џорџ, Луис и Шарлот, како сите заедно се држат за рака, што ја пренесува пораката за заедништво и обединување.

По смртта на кралицата Елизабета Втора, Кејт и Вилијам ги добија титулите принцеза и принц од Велс.

Објавено:
14 декември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
545 пати