Деловниот стил на Кејт Мидлтон распродаден за рекордно време

1 март 2023

Принцезата од Велс секогаш импресионира со нејзиниот стил. Уште една потврда за тоа е последната посета на Кејт и Вилијам на спортскиот центар Аберавон во Јужен Велс.

Нејзиниот избор овој пат беше прекрасно пепито здолниште од модниот гигант Zara, кое што по објавените фотографии беше веднаш распродадено.

Црно белото здолниште дојде во комбинација со крем ролка, и капут со потпис на Александар Меквин.

Кејт го заокружи својот инспиративен деловен стајлинг со црни Џанвито Роси чизми.

Принцезата неодамна носеше и обетки од Zara, на доделувањето на BAFTA наградите, кои исто така беа распродадени за неколку часа. 

Таа во една прилика се појави и во бела Zara јакна која што ја комбинираше со бели патики.

Фото:Facebook

Објавено:
1 март 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
282 пати
Тагови: 
Кејт Мидлтон