Кејт Винслет едноставна и убава

27 септември 2017

Кејт Винслет го промовираше својојт нов филм „The Mountain Between Us“ заедно со режисерот Хану Абу Асад. Во филмот се зборува за двајца потполни странци кои почнуваат да комуницираат после пад на мал авион во кој се наоѓаат и нивното преживување. Претпоставувате, се работи за љубовна приказна. Партнер во филмот на Кејт Винслет и е Идрис Елба.


„Кога прв пат го прочитав сценариото бев возбудена, затоа што мојот сопруг го сретнав веднаш по пожарот кој ми се случи.Точно пред шест години на Карибите,човекот кој не го познавав се зближи со моите деца и ги развеселуваше,ми стана сопруг. Ние се вљубивме од првиот момент“, откри пејачката во гостувањето на „Good morning America“.

На Кејт ова и е трет брак, претходно беше мажена со Сем Мендес и Џим Треплетон.

Премиерата на филмот ќе биде на 6-ти октомври. Кејт Винслет се појави на „Good morning America“ во едноставен црн фустан, минималистички накит и лежерна фризура. Таа е кралица на едноставноста, секогаш и секаде.

 

фотографии:Getty images,Shutterstock

Објавено:
27 септември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
472 пати