Анџелина Џоли блесна на црвениот килим на Холивудските филмски награди

8 ноември 2017

Со доделувањето на наградите „Hollywood Film Awards" што неодамна се одржаа во хотелот „Беверли Хилс" во Лос Анџелес, официјално започна и сезоната на филмски награди.

По тој повод, на манифестацијата пристигнаа звучни имиња од холивудската А листа, меѓу кои и Анџелина Џоли, Гери Олдман, Ева Лонгорија, Кејт Винслет, Маргот Роби...

Џоли беше една од ѕвездите на вечерта, наградена за нејзиниот филм во категоријата од неанглиско говорно подрачје, „First they killed my father", сниман во Камбоџа.

Актерката изгледаше блескаво на црвениот килим, во елегантен макси фустан на преклоп во сребрена боја од Џени Пекам.

Наградата за најдобра актерка и припадна на Кејт Винслет за нејзината улога во филмот „Wonder Wheel", додека за најдобар актер беше прогласен Џејк Гиленхал за филмот „ Stronger".

Комплетната листа на добитници може да ја погледнете на овој линк.

Фото извор: popsugar.com; buro247.hr

Објавено:
8 ноември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.094 пати