Во Лос Анџелес вчеравечер се одржа и 45-тата по ред манифестација „Annie Awards“ посветена на анимираните филмови.
Вниманието комплетно го однесе Анџелина Џоли, бидејќи филмот што таа го продуцира „Breadwinner“ е победник во категоријата Најдобар анимиран филм – независен.
Ако зборуваме пак за најмногу освоени награди, тогаш „Coco“, анимираниот филм на „Дизни“ е апсолутен победник во сите 11 категории во кои е и номиниран.
Сепак, Анџелина и со својот моден избор направи светските медиуми да пишуваат за неа.
Таа се појави во свечена креација на „Версаче“ во светлосребрена нијанса. Фустанот е со набори во горниот дел, додека пак на здолништето има џебови и шлиц.
Џоли на црвениот килим се појави во друштво на две од нејзините деца – Шајло и Захара. Шајло носеше костум, додека Захара црна блузичка со тантела и црни фармерки.
Актерката, режисерка и продуцентка изгледот го надополни со црвен кармин, дискретни обетки и чевли во беж боја.