Келвин Клајн организира натпревар за најдобар дизајн на часовници и накит

29 март 2014

Претседателката на одделот за часовници и дизајн Лаура Бордес изјавила дека за овој проект модната куќа ќе соработува со Модниот институт за технологија во Њујорк, Европскиот институт по дизајн во Милано и Универзитетот Donghua во Шангај.

„Овој натпревар на студентите ќе им пружи уникатна можност за стекнување искуство и разменување на знаење со учесниците од респектирани универзитети од три различни континенти“ – изјавила Лаура.

Студентите кои ќе партиципираат во овој проект ќе треба да креираат линија часовници и накит која ќе биде интерпретација на стилот на Келвин Клајн, а резултатите ќе бидат сумирани според дизајнот, материјалите, деталите и начинот на пакување.

Жирито кое ќе одлучува за избор на победникот е составено од креативниот директор на машката и женска линија чевли на Келвин Клајн – Урлич Грим и блогерите Кјара Ферагни, Ханели Мустапарта и Никол Варн.

Објавено:
29 март 2014
Категорија: 
Актуел