Ханели Мустапарта во новата кампања на Манго

31 март 2014

Покрај одличните фотографии, направено е и видео во кое Ханели Мустапарта зборува за животот во Њујорк и советува што е неопходно за добар шопинг. Познатата Норвежанка постојано го привлекува вниманието на уличните фотографи со својот стајлинг, кој е истовремено едноставен, но збогатен со впечатлив моден додаток.

За потребите на новата кампања, Ханели позираше во бела маица и јакна од Манго од пролетната колекција за 2014 година. Во продолжение погледнете го видеото од кампањата со модната блогерка.

Објавено:
31 март 2014
Категорија: 
Колекции