Марио Соренти задолжен за зимската кампања на Манго

18 јули 2017

Не е првпат уличните брендови да ангажираат познати имиња за нивните кампањи. Тоа овој пат го направи и брендот „Манго“.

Довербата за есенската кампања за 2017/18 му е дадена на славниот Марио Соренти.

Тој пак, се потруди ова да бидат доброзапаметени визуали, па освен за одличните фотографии се погрижи на нив да бидат дел од најпознатите супермодели.

Како пренесува руското издание на сајтот „Буро“, во новата кампања на „Манго“ позираат актерот Оливие Мартинез и моделот Јегор Венед, додека кога е женската мода во прашање, комбинациите ги носат Амбер Валета, Фреја Беха и Ана Еверс.

Инаку, во модната индустрија во последно време забележан е трендот на „мешани“ кампањи, односно на презентирање на машка и женска мода истовремено, нешто што Армани одамна го практикуваше.

Во продолжение погледнете ги првите фотографии.

фото извор: .buro247.ru

фото извор: .buro247.ru

фото извор: .buro247.ru

фото извор: designscene.net

фото извор: designscene.net

фото извор: designscene.net

фото извор: designscene.net

Објавено:
18 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
194 пати