Живописна и урбана есен-зима сезона во Манго

31 август 2017

Шпанскиот бренд MANGO повторно соработува за новата сезона со фотографот Марио Соренти, а како ѕвезди во кампањата се појавуваат топ моделите Ана Еверс, Амбер Валета и Фреја Беха Ериксен. Во истата се појавува и францускиот актер Оливие Мартинез, кој освојува со својот шарм и таинственост. Снимена на различни скриени места во Париз, а рустичниот изглед на старите градби и големите градини, даваат автентичност и мистичност на кампањата.

Есенските трендови се претставени преку новите изгледи на „малиот црн фустан", палтата со широк крој и флоралните принтови кои се идеални за есента. Неизбежни се и кожната моторџиска јакна со волна, гламурозните вечерни фустани со набори, палта во различни кроеви, карирани сакоа, парка со широк крој, како и смелиот изглед на удобните плетени парчиња.

Исклучително посветена на комплетирање на вашата гардероба за оваа сезона, колекцијата на MANGO за есен/зима '17 носи живописни и класични нијанси како „бургунди", окер, маслинесто зелена, светкаво сина, сива и други есенски тонови кои ќе го нагласат модниот момент.

Објавено:
31 август 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
828 пати