Светските модели позираат со новите торби на Луј Витон креирани од светски дизајнери!

11 септември 2014

Откако вчера, на денот на својот роденден, Карл Лагерфелд ги објави фотографиите на кои неколку светски дизајнери и значајни личности за брендот, позираа со неколку торби што тие ги креираа за Луј Витон, денеска беше објавена кампањата во која може да видиме неколку светски модели како позираат со истите.

Дел од кампањата на брендот се прекрасната Фреја Беха Ериксен, неповторливата Лија Кебеде, Саскиа де Браун и Џулија Нобис.

Кампањата е едноставно насловена како „Celebrating the Monogram“, во чест на прославувањето на 160 – годишнината од постоењето на неговото препознатливо лого.

Колекцијата е резултат на одличната соработка на неколку дизајнери меѓу кои и единствениот Карл Лагерфелд, Кристијан Лубутан, Реј Кавакубо во заедништво со Френк Гери, Синди Шерман и Марк Њусон.

„Монограмот е безвременски симбол и заштитен знак на модната куќа Луј Витон. И покрај тоа што низ годините прежиа безброј еволуции, никогаш не ја изгуби својата суштина. Успехот со кој се закити оваа модна куќа е толку природен без никакви притисоци и затоа треба да и се оддаде посебна почит и внимание“, изјави Делфина Арно, ќерка на претседателот на групацијата LVMH, Бернар Арно.

Објавено:
11 септември 2014
Категорија: 
Сцена