Познати личности ќе дизајнираат своја верзија на познатата чанта од Луј Витон
•
3 јуни 2014
Познатиот модел на Луј Витон рачна чанта со изгравирани златни монограми на кафена површина наскоро ќе добијат свој редизајн од страна на Карл Лагерфелд, Синди Шерман, Франк Гери, Реи Кавакубо, Кристијан Лубутан и Марк Њусон, кои ќе креираат своја верзија на веќе постоечката.
„Создадовме феноменален тим на таленти кои се докажани на своето поле како генијалци. Монограмот е срцето на нашата модна куќа и ние тоа го прославуваме секој ден. Проектот е посебен поради изборот на луѓето кои решија да соработуваат со нас“ – изјави Делфин Арнаулт.
Ваков тип на проект веќе еднаш беше реализиран во 1996 година, а тогаш учество земаа Адезин Алаја, Маноло Бланик, Хелмут Ланг, Исак Мизрахи и Сибил и Вивиен Вествуд.