Модната елита гламурозно го прослави 160 роденден на Луј Витон

10 ноември 2014

Голем број познати личности од светот на шоу бизнисот, филмот и музиката, а особено од светот на модата, вчеравечер му дадоа дополнителна динамика на и онака енергичниот Њујорк. Ана Винтур, Карл Лагерфелд, Кристијан Лубутан, Грејс Кодингтон и многу други му се придружија на Николас Гескиер на големата забава со која се одбележаа 160 успешни години од постоењето на Луј Витон. Заедно со јубилејот прославена е и „Монограм “ колекцијата, која е посебна од неколку причини и сигурно ќе се вброи во една од ретките во чие создавање учествуваа дел од најпознатите имиња во светот на модата, архитектурата и уметноста.

Николас Гескиер и Ана Винтур Николас Гескиер и Ана Винтур

Кристијан Лубутан, Карл Лагерфелд, Синди Шерман, Марк, Њусон, Реј Кавакубо и Франк Гери на Луј Витон додатоците успеаја да им го вдахнат својот препознатлив потпис и напишаа ново поглавје во модната историја. Креативците на свој начин го интерпретираа монограмот и дизајнираа чанти кои според зборовите на Делфина Арно станаа: „Најпосакуваните модни додатоци низ целиот свет.“

Делфина Арно и Карл Лагерфелд Делфина Арно и Карл Лагерфелд

Со одбележувањето на ваков импозантен јубилеј од 160 години постоење, модната куќа Луј Витон само го потврди своето кралско место во модниот свет и покажа дека со своите уникатни дизајни секогаш е во чекор модните трендови, а доказ за тоа се статистиките на компанија кои велат дека има повеќе од три милиони претплатници.

Џенифер Конели Џенифер Конели

Модната куќа изработи и едиторијал од 25 фотографии посветен на сите пријатели на брендот, но и на највлијателните личности во светот на модата и уметноста и со тој гест ја искажа својата благодарност за долгогодишната соработка која секако ќе продолжи и во иднина.

Ешли Олсен и Кристијан Лубутан Ешли Олсен и Кристијан Лубутан

Пред објективот на фотоапаратот застанаа: Мишел Вилијамс, Џенифер Конели, Хели Бенет, Миранда Кер, Адел Ексархопулос , Миа Гот, Шарлот Геинсбург, Ана Винтур, Николас Гескиер, Марк Њусон, Франк Гери, Бернард Арно, Ешли Олсен, Кристијан Лубутан, Синди Шерман, Карл Лагерфелд, Делфина Арно, а честа да ги овековечи фотографските портрети му припадна на веќе етаблираниот фотограф Патрик Демаркелиер. Сите ликови позираат со своите иницијали, пoради што секоја фотографија е уникатна приказна.

 

 

Објавено:
10 ноември 2014
Категорија: 
Сцена