160 години „LV“ интерпретирани преку визиите на шест уметнички виртуози

10 септември 2014

На денот на својот роденден, Карл Лагерфелд ги објави фотографиите на кои се потпишува како фотограф, а со кои го честита и 160-от јубилеј на големиот моден бренд Луј Витон и неговото преознатливо лого. Се работи за интересен проект насловен  „The Icon and Iconoclasts“(Иконата и иконоборците): Славењето на монограмот, чија цел е презентација на дизајнерски интерпретации и визии за изгледот на иконскиот„LV“ симбол што е заштитно лого на модната куќа.

Ако направиме кратка ретроспектива, приказната за Луј Витон започнува во далечната 1854 година на улицата Rue des Capucines број четири во близина на местото Вендом во Париз. Тука се создаваше мајсторството  и се „коваа“ визионерските идеи за тоа како треба да изгледа една вистински добро направена торба, чанта или сандак за патување. Жорж Витон синот на Луј Витон во чест на својот татко, подоцна го дизајнира и патентира иконскиот „LV“ симбол. Од тој момент, модната компанија Луј Витон помина низ неколку трансформации, а денес е во сопственост на луксузниот конгломерат LVMH. Она што е интересно е дека иконскиот „LV“ монограм низ годините не претрпе промени, туку напротив прерасна во статус симбол и бренд чиј знак е препознатлив насекаде низ светот.

За да ја одбележи 160-та годишнина од основањето на куќата, извршниот потпретседател на Луј Витон, Делфина Арно, ќерка на претседателот на LVMH групацијата, Бернар Арно и уметничкиот директор на куќата Николас Гескиер иницираа заеднички проект наречен „The Icon and Iconoclasts“(Иконата и иконоборците): Славење на монограмот, каде шест дизајнерски ветерани од светот ќе ги искажат своите толкувања и визии во поглед на „LV“ монограмот.

„Монограмот е безвременски симбол и заштитен знак на модната куќа Луј Витон. И покрај тоа што низ годините прежиа безброј еволуции, никогаш не ја изгуби својата суштина. Успехот со кој се закити оваа модна куќа е толку природен без никакви притисоци и затоа треба да и се оддаде посебна почит и внимание“, рече Делфина Арно.

Во групата на шесте величествени се: Карл Лагерфелд, креативен директор на Шанел и Фенди, архитектот Френк Гери, изведувачката Синди Шерман, индустрискиот дизајнер Марк Њусон, дизајнерот на чевли Кристијан Лубутан и „модниот бунтовник“, дизајнерот на брендот Comme des Garçons, Реј Кавакубо.

За октомврискиот број на магазинот Harper’s Bazaar, Карл Лагерфелд беше во улога на фотограф и ги фотографираше иконоборците со своите крајни продукти создавајќи неверојатни кадри кои ексклузивно бе а објавени денес.

Овој проект е со сличен на концепт  кога Луј Витон ја прослави 100 годишната од своето постоење. Тогаш модните дизајнери Азедин Алаја, Маноло Бланик, Ромео Гиљи, Хелмут Ланг, Иаак Мизрахи, Сибилија и Вивиен Вествуд креираа специјални дизајни инспирирани од иконскиот монограм. Овој пат , Делфин Арно и Гескиер ги проширија хоризонтите и во проектот вклучија соработници од сферите на уметноста, архитектурата, индустрискиот дизајн и модата.

„Кога разговаравме со Николас Гескиер за тоа кој се би требало да биде дел од овој проект, одлучивме дека тоа треба да бидат таленти кои се меѓу најдобрите, ако не и најдобри во својата професија. Тие се извонредни уметници. Големи виртуози. Чест ми е што имав можност да соработувам со дел од најголемите дизајнерски имиња чија работа е позната и призната во светски рамки“, откри Делфина Арно.

 

Објавено:
10 септември 2014
Категорија: 
Актуел