Нивните блогови имаат огромен број кликови, а тие станаа ѕвезди за улична мода.Познатите светски блогерки овие денови го привлекуваат вниманието на многу фотографи во Њујорк, зашто се облечени во интересни комбинации што најчесто се спој од оригинални дизајнерски парчиња. Леандра Медин, Ханели Мустапарта, Енди Торес, Чиара Ферагани, Натали Суарез и Ајми Сонг, се блогерките што имаат голема привилегија да седат во првите редови на модната недела во Њујорк, а нас не интересираше што облекоа на ова големо модно случување. Ханели Мустапарта изгледаше сензационално во црн фустан со средна должина, споен со мала чанта во јако сина боја и децентни црни сандали. Во бела макси кошула се појави Леандра Медин и покажа едно елегантно издание со вртоглаво високи потпетици и бела писмо чанта.
Блогерката Натали Суарез ги сака трансформациите, а овој пат таа облече лежерна комбинација од винтиџ блуза од тантела, памучна маичка и интересни чизми.
Ферагани носеше Бурбери балондер во комбинација со Селин чанта и чизми од сопствената колекција, додека Енди Торес одлучи да носи црвен фустан од брендот Other Stories со кој соработува долго време.
За крај ја издвоивме шарената комбинација на Ејми Сонг која привлекува најголемо внимание и тоа поради нејзиниот ведар дух и маркантниот стил.