Септемвриски лукбук на Free People
•
29 август 2013
Манекенките Карли Клос, Кристал Рен, Хана Габи Одиеле, Алин Вебер, Ајак Денг и познатите блогерки Руми Нили, Александра Спенсер, Натали Суарез и Дилана Суарез се ѕвездите на новиот каталог на американскиот бренд Free People. Тие позираа во комбинации што претставуваат микс на боемски и рокенрол стил, а кампањата е инспирирана од фотографиите на улична мода.