„Венчавка во Вегас“, мартовски лукбук на Free People

5 март 2014

Мартовксиот лукбук на брендот Free People промовираше мошне инвентивен концепт. Лукбукот низ фотографиите на Гај Ароч, ја раскажува приказната за тоа како треба да изгледа една венчавка во боемски стил во градот чие битие пулсира 24/7, Лас Вегас. Во улога на невестата е прекрасната Ерин Васон, а честа да биде младоженец му припадна на Марк Вистрак. Опуштена свадбена церемонија надополнета со невообичаен избор на гардероба и комбинации на кожени јакни, тексас парчиња и макси фустани. Ситуацијата дополнително ја „загреваат“ лудите моторџиски прошетки низ градските улици, нежните допири и врелите бакнежи.

 

Објавено:
5 март 2014
Категорија: 
Колекции