Голем број од светски познатите личности одбраа делови од Хрватска како дестинација за нивниот летен одмор годинава.
Токму прекрасните плажи и предели ги воодушевија и првите луѓе на неодоливиот бренд Free People и решија нивната нова кампања да ја снимат на островот Вис.
Фотографиите снимени на ова прекрасно место преку кои брендот ја презентира новата колекција, се најдоа во нивниот лукбук за август.
Високите карпи, морето и фасцинантните вили во Вис послужија како совршена позадина за претставување на новите бохо парчиња на брендот.
Како и секогаш, тие создадоа неверојатни модели на кошули, софистицирани и шик куси здолништа, лелеави фустани со цветен дезен, широки блузички, едноставни и нежни маички, но и секси модели на фустани со откриени рамена.
На фотографиите можеме да ја видиме прекрасната манекенка како ужива во совршениот поглед на островот, во сината бистра вода и на други неодоливи места на кои секој би сакал да ужива.
Погледнете ги фотографиите во галеријата и по кој знае кој пат уверете се зошто Хрватска е една од омилените летни дестинации.