Кендал Џенер со една Инстаграм објава може да купи...

18 декември 2015

Не е тајна дека социјалните мрежи Инстаграм, Твитер, Фејсбук се богат избор на пари за блогерите и познатите личности.

Сепак, сумите што ги добиваат најголемите модели за еден пост се запрерастувачки. Меѓу најплатените се Кендал Џенер, Кара Делевињ и Џиџи Хадид, а како пренесува магазинот Elle, износот за само еден нивен пост се движи од 125.000 до 300.000 долари.

За разлика од нив, цената на Карли Клос, Бехати Принслу и Миранда Кер е падната, но сепак тие се втората најплатена тројка, со заработувачка на една објава од 25.000 до 50.000 долари.

-Ако сакате да го зголемите бројот на публиката на моделот, ќе мора да платите прилично солена дополнителна сума пари – вели Френк Спадафора, поранешен кастинг и извршен директор на аналитичката група D’Marie Archivees за CR Fashion Book.

Магазинот Elle направи една листа на нешта што Кендал или Џиџи или Кара можат да ги купат за само еден нивен пост кој чини 300.000 долари:

-161 чанта од „Живанши“ (по цена од 1.860 долари за една чанта)

-753 фустани на преклоп од „Дајан фон Фурстенберг“ (по цена од 398 долари за еден фустан)

-462 чифта Лубутан чевли (по цена од 675 долари од чевел)

-400 iPhone 6S Pluses со 16 GB (по цена од 749 долари за еден ајфон)

-10.344 кармини за усни од колекцијата на Кајли Џенер (по цена од 29 долари за еден)

-12 куќи во Детроит, со просечна цена од 25.000 долари

-школарина за 12 семестра на њујоршкиот универзитет – 23.875 долари по семестар

-127.659 чизбургери, (по цена од 2.35 долари за бурбер)

Инаку, Elle потенцираат и на тоа дека една просечна плата на годишно ниво на жена во Америка до 35 години изнесува 31.069 долари, што значи дека овие девојки со една објава на социјалните мрежи заработуваат изност колку 9.6 просечни плати.

Имајќи ги овие бројки предвид, не е ни чудо што секојдневно нè бомбардираат со фотографии од сите сегменти од нивниот живот.

Објавено:
18 декември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.038 пати