Кендис Сванпул ќе го носи градникот од 10 милиони долари на шоуто на Викторија Сикрет

18 октомври 2013

Прекрасната манекенка на Викторија Сикрет Кендис Сванпул ќе го носи градникот од цели 10 милиони долари на овогодинешното шоу на брендот за долна облека.

Таа ќе прошета на пистата со овој градник направен од скапоцени камења, дијаманти, рубини и сафири на традиционалното шоу на Викторија Сикрет на 13 ноември.

Минатата година честа и припадна на прекрасната Алесандра Амброзио, а годината претходно на шармантната Миранда Кер, која неодамна ги предаде своите „крила“.

Но, Кендис оваа година дефинитивно има потешка задача од другите ангели чии градници чинеа околу 2.5 милиони долари, а нејзиниот чини цели 10 милиони долари.

„Никогаш не сум носела нешто толку вредно, а и мора да носиме ракавици кога го облекуваме и да бидеме многу внимателни. Градникот доаѓа во пакет со двајца телохранители и ние мора задолжително убаво да се однесуваме со него“, вели Кендис.

Веста дека Сванпул ќе го носи најскапиот градник се чуваше во тајност со месеци, поради претпазливост и безбедност што дефинитивно е потребна за прекрасниот градник од 10 милиони долари.

Објавено:
18 октомври 2013
Категорија: 
Актуел