Ким Кардашијан: Сите мажи пред Канје беа губење време

27 август 2019

Септемврискиот број  на „Вог Арабија“ го красат три насловни страни на кои е Ким Кардашијан. Старлетата прифати за првпат да биде дел од ова издание на популарниот магазин.

Зад фотографиите се потпишува шпанскиот фотограф Џема Јесте, а Ким ги носи креациите на Тери Муглер (70), со кој соработката ја започна за годинешната Мет Гала и таканаречениот „воден фустан“ што го привлече вниманието на јавноста.

„Кога од „Вог Арабија ме побараа да бидам дел од ова снимање, бев воодушевен што ќе имам можност да ја портретирам Ким во нова визија“, изјави дизајнерот.

Освен фотографиите, она што го привлекува вниманието во новиот број е и интервјуто на старлетата, а кое го води токму нејзиниот сопруг Канје Вест.

Во разговорот, Кардашијан се осврнува на нивниот прв состанок во 2012 година и признава:

„Посакував романсата со него да се случеше порано. Си реков: „Проклетство, зошто губев толку време и енергија досега? Зошто не го направив ова порано“.

Таа додава дека сите мажи пред него биле губење време. Инаку, нивната прва средба се случила во 2003 година, кога Ким се забавувала со Реј Џи, но Канје веќе знаел за неа и посакувал таа да биде „негова девојка“ долго време.

Десет години подоцна, тоа и се случува, Ким не само што станува негова девојка, туку и сопруга со која има четири деца -  Норт (6), Сент (3), Чикаго (19 месеци) и Псалм (3 месеци).

Воедно, повеќе од декада таа е во центарот на вниманието, а за тоа што научила низ годините и за време на нејзиниот медиумски подем, ќе даде клише-одговор:

„Се трудам да бидам подобра личност, да ги претворам грешките во подобро искуство - да учам од нив, да растам и да продолжам понатаму“.

Во интервјуто се осврнуваат и на нејзините студии по право, како и тоа дека соработува со американската влада на прашања поврзани со казненото право.

„Постои заблуда околу тоа дека јас не морам да студирам, дека мојата диплома ја купив - што апсолутно не е вистина... Постојано сум потценувана“, вели Кардашијан.

Уреднико на ова издание на магазинот, Мануел Арно вели дека ова е еден од ретките искрени текстови за двојката.

„Нејзиното интервју со Канје е реално и сирово, таа зборува за нејзината кариера и семејниот живот. Да се собере ваква уникатна екипа таленти, беше инспиративно. Снимањето и интервјуто се дел од Ким што нешто што никој претходно не го видел и прочитал од неа“, вели урендикот.

Други детали од текстот не се откриени, се чека магазинот да биде пуштен во продажба.

 

фото извор: Instagram.com/kimkardashian;

Објавено:
27 август 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.103 пати