Кога Мерил Стрип ја одбиле за улога...

12 ноември 2015

Оваа фотографија од Мерил Стрип на 32-годишна возраст, вирално се прошири низ светските медиуми откако оскаровката и една од најталентираните холивудски актерки ја откри приказната зад моментот кога била фотографирана во метрото.

„ Фотографијата е направена кога се враќав дома од аудиција за филмот „Кинг Конг" каде ми кажаа дека сум премногу „грда" за улогата. Тоа беше важен момент за мене. Таквите „тешки" зборови можеа да застанат на мојот пат во прогресот на актерската кариера или едноставно да ми помогнат да ја зацврстам вербата во себе. Земав длабок здив и си кажав: Се извинувам што мислите дека сум премногу „грда" за вашиот филм, но вие сте само една од илјадниците опции . Денес јас имам 18 академски награди", се обрати до јавноста Мерил Стрип на нејзиниот фејсбук профил упатувајќи суштинска социјална порака.

Три години после ова искуство, во 1979 година, Мерил Стрип веќе имаше номинација за Оскар, за споредна женска улога во филмот „The Deer Hunter", а една година подоцна и го освои Оскарот за најдобра женска споредна улога во „ Kramer vs. Kramer".

Инаку, во последните 37 години, Стрип има дури 19 номинации за Оскар, повеќе од кој било друг актер или актерка во историјата на најпрестижната филмска манифестација.

Објавено:
12 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.052 пати