Забавно: Која боја на фустан најмногу среќа носи на „Оскарите“?

5 мај 2021

Иако фокусот би требало да биде на наградите, многу често модата на „Оскарите“ е во поголем фокус, а тоа дефинитивно ќе биде случај и кај нас, со овој текст.

Имено, наидовме на интересни истражувања и споделувања на сознанијата за тоа дека постојат бои кои носат среќа на оваа манифестација.

За што се работи?

Френсис Макдорманд стана 21 добитничка на Оскар (за најдобра главна женска улога, за улогата во филмот „Nomandland“) која наградата ја прими облечена во црн свечен фустан.  

До овој податок дојде сајтот compare.bet, кој направил интересна статистика.

Имено, во споменатата статистика се пред сè добитничките на Оскар за главна женска улога и споредна женска улога. Според нивната анализа, дури 21 жена изминативе години носела црн фустан при примањето на статуетката, а меѓу нив се секако Никол Кидман во фустан  на Жан Пол Готје во 2003 година и култниот фустан на Џулија Робертс на „Валентино“ од 2001 година.

На второ место се фустаните во бела боја. Дури 12 дами за престижните награди ја одбрале токму белата. Меѓу последните е Рене Зелвегер која лани го доби Оскарот за најдобра главна женска улога, носејќи минималистичка, но прекрасна креација од брендот Armani Prive.

На трето место пак се фустаните во сина боја - 11 добитнички на Оскар ја носеле, меѓу кои Ју Џинг Јун од последното издание, за најдобра споредна женска улога. 

Четвртото место е резервирано за златната боја - 7 добитнички на Оскар ја носеле, Мерил Стрип има три статуетки кои два пати ги добива во златен, а еднаш во бел фустан.

На петтото место е зелената боја - шест добитнички на Оскар, меѓу кои и Оливија Колман.

Инаку, во истражувањето биле опфатени изданијата на престижната филмска награда од 80-тите години па до денес.

 

Објавено:
5 мај 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
253 пати
Тагови: 
боја Оскари