Кои се ѕвездите на „Пирели“ календарот за 2017 година?

30 август 2016

Легендарниот календар „Пирели" од година во година во својот кастинг ги вклучува најголемите ѕвезди од различни сфери, како и најдобрите светски фотографи.

Новиот календар за 2017 година ќе го фотографита познатиот Питер Линдберг, кој по трет пат ќе застане зад фото објективот за „Пирели" (тој ги фотографираше изданијата за 1996 и 2002 година).

Календарот ќе се снима на пет локации: Берлин, Лос Анџелес, Њујорк, Париз и Лондон, а негови ѕвезди ќе бидат дури 15 популарни актерки. Меѓу нив и: Ума Турман, Никол Кидман, Алиша Викандер, Кејт Винслет, Џулијан Мур, Лупита Нјонго, Руни Мара, Џесика Џестен, Пенелопе Круз, Хелен Мирен...

Како најава, во јаноста веќе се појавија неколку работни фотографии и тизер видео.

 

Објавено:
30 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
988 пати