Кои се најпопуларните брендови во светот

12 октомври 2023

Според компанијата Lyst која покрај другото се занимава и со истражувања Miu Miu е модниот бренд којшто е моментално на челната позиција во однос на популарноста и заработката.

Lyst Index којшто во секое тримесечје објавува статистика за најпопуларни брендови, за последниот квартал ја издвои токму модната куќа Miu Miu.

За успехот заслужни се нивните вирални ревии, но и специјфичните креации како кристалните гаќички со неверојатна цена од четири илјади евра.

На второ место е Loewe кој во претходниот квартал беше на челната позиција.

Третото место го зазема Prada којашто беше втора во вториот квартал, а тој пред него на прво место. 

Мучиа Прада на свои 74 докажува дека и понатаму креира исклучително релевантни колекции коишта ја дефинираат естетиката на една цела генерација.

Во останатите десет најпопуларни брендови се сместија Bottega Veneta, Versace, Saint Laurent, Moncler, Valentino, Jacquemus и Burberry.

 Фото: Pinterest

Објавено:
12 октомври 2023
Категорија: 
Актуел