Секој квартал во годината, платформата „Lyst“ меѓу другото, прави истражувања и во однос на тоа кои статистички се најпопуларните брендови на интернет.
Своите заклучоци оваа платформа ги носи врз основа на анализата на навиките на повеќе од девет милиони потрошувачи, лојални на околу 12.000 модни брендови.
Првиот квартал од 2020 година, на врвот на листата на најпопуларни модни брендови е стрит-етикетата Off-White, а после неа следуваат луксузниот бренд Баленсијага и спортскиот гигант Најк.
Меѓу првите десет позиции се и Прада, Фенди, Валентино, Версаче... Во однос на секторот за модни додатоци, убедливо најпопуларен е моделот на чанта „cassette" со потписот на Ботега Венета.
Во продолжение е комплетната листа на десет најпопуларни модни етикети на интернет во првите четири месеци од годинава.
1 - Off-White
2 - Баленсијага
3 - Најк
4 - Гучи
5 - Прада
6 - Moncler
7 - Фенди
8 - Валентино
9 - Сен Лоран
10 - Версаче