Кој кого сè бакнуваше на Самитот Г7: Меланија и Џастин Трудо го полудеа Интернетот, Трамп лут

27 август 2019

Покрај страшните работи со кои ни се соочува планетата, народот покажа дека е желен за романтика. Интернетот вчера полуде по “бакнежот“ помеѓу Меланија Трамп (49) и Џастин Трудо (47) за време на самитот Г7 во Бијариц, Франција.

Двајцата се најдоа во центарот на вниманието откако се фотографирани како се поздравуваат. Експертите за говор на телото велат дека Меланија има гестикулација за бакнеж во образ (што и се случило), а што е очекуван поздрав, но аголот на фотографијата е таков да изгледа дека се подготвуваат за страсвен бакнеж. 

Тоа предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, фотографиите станаа вирални, а сите коментираа под ознаката „Меланија го сака Трудо“ (#MelaniaLovesTrudeau).

„Кој може да ја обвини“, „Најдете некој што ќе ве гледа како Меланија Трудо“, „Изгледа Меланија планира да пребегне во Канада“, се само дел од коментарите...

 

 

 

 

 

Исто така, погледот на Меланија во фотографијата е таков, како да е лудо вљубена во канадскиот премиер, но само, повторно, поради аголот, инаку во нејзиното однесување и гестикулација не се крие никакво второ значење

Од друга страна, се коментира и изразот на Доналд, кој според положбата на усните и спуштениот поглед покажува знаци на лутина. 

Но, ова не беше единствениот бакнеж.

Трамп доби бакнеж од Брижит Макрон, нејзиниот сопруг Емануел Макрон го испрати тоа со широка насмевка, додека Доналд ѝ упати бакнеж на Ангела Меркел. Твитер заедницата се пошегува и за тоа, особено за гестикулацијата што американскиот претседател ја прави со усните.

Дефинитивно инспиративен настан и за медиумите, но уште повеќе за социјалните медиуми, но дали му оди во прилог на Трамп - не сме баш сигурни :).

 

Објавено:
27 август 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
9.379 пати