Сите комбинации на Меланија Трамп во Британија

16 јули 2018

Доналд и Меланија Трамп тукушто ја завршија четиридневната турнеја во Британија. За однесувањето и коментарите на Доналд секојдневно се пишуваше, но ништо помалку актуелна не беше ниту Меланија со нејзините стајлинзи.

Модните стручњаци велат дека таа максимално дипломатски ја одработи својата улога, внимавајќи на сите детали.

Фустанот во кој се појави кога слетаа во Лондон, многумина ги потсети на еден од последните стајлинзи на Меган Маркл. Инспирирана или не од неа, Меланија уште на самиот почеток предизвика бројни позитивни коментари. Фустанот е креација на Роланд Муре, во комбинација со тенок портокалов ремен и беж салонки.

Успешното модно „шоу“ продолжи со жолтиот долг фустан од брендот „J. Mendel“, кој чини околу 7.000 евра, а во кој Меланија сите ги потсети на грчка божица. Поводот за ваквото елегантно издание беше свечената вечера на која домаќин беше британската премиерка, Тереза Меј. 

Следниот ден, Меланија се појави во поспортско издание, каде изборот овој пат беше маслинесто зелена штепувана јакна од „Барбери“. Овој бренд беше нејзин избор и при слетувањето во Брисел, каде беа дел од НАТО самитот. Таа на аеродромот се појави во препознатливиот „Барбери“ мантил и со тоа уште еднаш ги освои симпатиите на Британците.

Меѓу оние што веројатно се задоволни од нејзиниот изглед е и Викторија Бекам. За време на посетата во Брисел, Меланија се појави во фустан токму од брендот на Бекам, кој го искомбинира со беж салонки.

За официјалната средба со кралицата, се одлучи за совршен костим од модната куќа „Диор“.

После Британија, американската претседателска двојка се упати кон Хелсинки, каде Меланија продолжи да воодушевува со изгледот.

Во Хелсинки пристигна во кафено-сива комбинација - кожени панталони и долго сиво палто со кафени детали, во комбинација со кафени балетанки од „Диор“.

За средбата со финскиот претседател и неговата сопруга, таа се појави во пастелно жолт мантил-фустан.

А како изгледаше модниот двобој со Брижит Макрон, ве потсетуваме на линкот ТУКА.

 

фото извор:express.co.uk;

Објавено:
16 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.247 пати