Нов стилски двобој на Меланија Трамп и Брижит Макрон

12 јули 2018

Доналд и Меланија Трамп веќе ја започнаа својата четиридневна турнеја во Британија. Тие завчера слетаа во Лондон, но веднаш се упатија во Брисел, по повод дводневниот самит на Нато.

Таму Меланија се сретна повторно со француската прва дама, Брижит Макрон, каде повторно ги одмерија модните сили.

И двете беа гостинки на концерт на класична музика, организиран во капелата на кралицата Елизабета во белгискиот град Ватерлу.

Меланија се појави во морнарско син фустан со потпис на Калвин Клајн - американски бренд чиј креативен директор во моментов е белгискиот дизајнер Раф Симонс, па овој избор воопшто не е случаен.

Изборот на Брижит беше бел комплет, со нитни.

 

Истиот ден вечерта е организирана и свечена вечера, во која Меланија ги освои сите симпатии појавувајќи се во бел фустан од нежна тантела од либанскиот дизајнер Ели Сааб. Во дел од странските медиуми се појави информација дека фустанот чини околу 9.000 долари, а причината за високата цена е во ласерски обработениот транспарентен материјал, на кој има мотиви на тропски листови.

Изборот на Макрон беше одело во црно-бела комбинација што одлично ѝ прилега, а креација секако на француската куќа „Луј Витон“.

 

фото извор: express.co.uk; fredericksburg.com;

Објавено:
12 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.814 пати