Која приказна се крие зад изразот на лицето на Никол Кидман?

1 април 2022

После одржувањето на 94. издание на Оскарите, најмногу се зборуваше за шлаканицата што Вил Смит му ја удри на Крис Рок, и реакцијата на Никол Кидман.

Неброено многу мемиња се појавија инспирирани токму од овие две ситуации.

И додека шегата на Крис Рок на сметка на сопругата на Вил Смит и неговата реакција ја видовме сите, за момент се запрашавме, како ја пропуштивме реакцијата на Никол Кидман.

Многумина ја користеа во овој контекст, а вистината е дека актерката воопшто не реагирала така на инцидентот помеѓу Смит и Рок.

Имено, фотографијата настанала пред скандалот. Како пренесува „Vulture“, фотографијата се појавила на платформата „Getty Images“ неколку часа пред шлаканицата на Вил Смит, поточно во првиот час од церемонијата, дел кој не бил емитуван во живо.

Така, фотографијата се појавила на Интернет многу пред почетокот на преносот во живо, но совршено се вклопила во она што подоцна се случуваше и на Оскарите и во медиумите.

А што ја предизвикало реакцијата на Кидман?

Џесика Честеин.

„Фотографијата на Никол Кидман е снимена во текот на програмата која не е прикажана на телелвизија. Таа изгледаше воодушевено од Џесика Честеин, која во тој момент влегуваше од другиот дел на салата. Кидман тогаш ги испружи рацете и срдечно ја поздрави“, вели фотографот Мјунг Чун кој всушност и го овековечил тој момент.

Без разлика која приказна повеќе ви се допаѓа, факт е дека од Никол Кидман како да почна да се очекува да направи некој гест, израз на лице или реакција за која потоа долго ќе се зборува.

Се сеќавате на аплаудирањето од „Оскарите“ пред две години? Или моментот кога пуши цигара?

 

Објавено:
1 април 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
7.395 пати