Конечно: Паметна торба што следи колку трошите!

5 февруари 2014

Австралијанската компанија iBag создаде high – tech торба што содржи „паметен“ сензор што следи колку вие трошите. Ова паметно решение за „шопингхоличарките“ нема да биде пуштено во продажба сѐ додека доволно луѓе не покажат интерес за овој изум.

Сензорот на торбата забележува кога вие ќе заминете во шопинг и кога влегувате во омилената продавница, па автоматски се заклучува. Исто така, сензорот во торбата свети и праќа порака до „одговорните“ лица во вашиот живот дека сте влегле во опасната зона т.н шопинг, па токму заради тоа треба да бидете внимателни кого ставате на тој список!

Секако дека оваа „паметна“ торба нема да ги реши вашите потрошувачки проблеми, но би можела да ве запре да го купите и петтиот чифт чевли.

Од компанијата соопштија дека торбата нема да биде пуштена во продажба додека за неа не се заинтересираат доволно луѓе, но ние имаме чувство дека тоа ќе се случи многу брзо!

Објавено:
5 февруари 2014
Категорија: 
Актуел