Па, официјално е: Ким Кардашијан ја оствари и својата најголема желба – да добие насловна на Вог.
Светскиот магазин ја објави насловната за месец Април, на која се најде среќната двојка Ким Кардашијан и Канје Вест.
По долг период молби до главната уредничка Ана Винтур, се чини дека Канје конечно го оствари саканото – и овозможи насловна на својата вереница.
Целата фотосесија што се најде во априлското издание на магазинот е направена од светски познатата фотографка Ен Лебовиц. На дел од фотографиите во магазинот се појавува и нивната мала ќеркичка Норт која изгледа преслатко.
Незадоволните обожаватели на култниот магазин веднаш почнаа со обвинувања кон уредничката дека со овој нејзин потег, таа смртно му пресудила на Вог.
Многумина се уште сакаат да веруваат дека се работи за голема шега! Што мислите вие?