И покрај негативниот публицитет, контроверзната пејачка Мајли Сајрус е ангажирана како заштитно лице во новата кампања на Марк Џејкобс за пролет-лето 2014.
Пред објективот на фотографот Дејвид Симс, Сајрус позира во мрачен амбиент на плажа во Лос Анџелес во парчиња од актуелната колекција на брендот.
„Сите ја обожаваме Мајли и целата нејзина појава, нејзината енергија и талент“ вели дизајнерот за WWD и додава дека кај неа буквално се му се допаѓа, поради нејзината природност и генијалност.
Иако постојат поделени мислења околу воодушевеноста на Марк Џејкобс од младата пејачка, сепак несомнено ова е колекција која веќе ја разбранува јавноста.
До сега во повеќе наврати Сајрус се појавила на црвениот килим во креации на Марк Џејкобс, кој приватно и е близок пријател.