Шер е новата мрачна муза на Марк Џејкобс

28 мај 2015

Генијалниот дизајнер Марк Џејкобс секогаш знае да направи изненадувачки кастинг за неговите рекламни кампањи. Неговиот избор е секогаш неочекуван и затоа е возбудлив и интересен. По Мајли Сајрус, ново заштитно лице на неговата зимска кампања 2015, е музичката икона Шер.

Кејти Гранд која се потпишува како стилисит на новата кампања вчера прва на Инстаграм објави фостографија со која се најавува значајната соработка. На фотографијата која ја реализираше Дејвид Симс, 69-годишната Шер изгледа мрачно и е облечена во макси црн фустан со светкави ленти, комбиниран со црна јакна и црни ракавици.

Очекуваме кампања што ќе биде запаметена во модната индустрија.

 

Објавено:
28 мај 2015
Категорија: 
Актуел