Кралицата на поп музиката, Мадона, во 1990 за време на нејзината 'Blond Ambition турнеја се појави на сцена во корсет со конусен градник.
Токму ова парче облека со потпис на Жан Пол Готје испиша модна историја.
На некој начин легендарниот корсет стана дефиниција за поп културата, па и денес истиот е синоним за поп кралицата и дизајнерот.
Токму неговиот уникатен дизајн беше отскочна даска во кариерата на Готје, потенцирајќи ја неговата модна генијалност.
Корсетот беше и своевиден симбол на сексуално ослободување коешто Мадона го промовираше со своето однесување како уметник.
View this post on Instagram
Со парчето облека таа се бунтуваше против строгите страндарди на женската убавина.
Во чест на одличната соработка тогаш, пејачката и дизајнерот повторно ги здружија силите, но овој пат за добротворни цели.
Корсетот ќе биде дел од маичка со кратки ракави, а нивната продажба ќе има за цел да обезбеди средства за медицински интервенции за деца сираци и дечиња од загрозени семејства.
Самата поп ѕвезда на Инстаграм ги повика сите да купат маичка и да бидат дел од хуманитарниот проект.