Костими од култни холивудски филмови на аукција во Беверли Хилс

14 октомври 2013

Познатата аукциска галерија Julien’s од 8-ми до 10-ти ноември ќе ја претстави најголемата збирка од костими и аксесоари  употребени за снимањата на најпознатите култни холивудски филмови. Аукцијата е насловена „Икони и Идоли“ а ќе вклучи повеќе од 800 костими и додатоци донирани од најголемите американски ѕвезди на незаборавните филмови на сите времиња. Во аукцијата е вклучен и костимот на капетанот Кирк од „Војна на ѕвездите“, венчаницата на Џули Ендрјус во филмот „ Звукот на музиката“ од 1965 година и многу други познати костими.

Околу 400 костими од изложените ќе бидат само на познатиот американски  костимограф Вилијам Травила, кој воедно има богата позадина кога станува збор за изработка на филмски костими, а најмногу е познат по тоа што ја облекувал Мерлин Монро и тоа изработил костими за осум нејзини филмови. Пред да бидат ставени на аукција сите костими ќе бидат претставени на изложба во Ирска, за потоа повторно да бидат вратени и продадени од аукциската галерија Julien’s.

Објавено:
14 октомври 2013
Категорија: 
Актуел