Зад костимите на долгоочекуваниот филм на Дизни „Круела“, стои костимографката Џени Биван. Зад себе има 2 Оскари и 8 номинации од престижната награда во 50-те години активна кариера.
Костимографката Џени Биван
Сега ги изработи костимите за филмската адаптација на приказната за настанувањето на Круела ДеВил, еден од позлобните ликови во Дизниевата историја.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Ема Стоун во улогата на Естела Девил (Круела) и Ема Томпсон. За ликот на Бароницата, кој го толкува Томпсон, Биван вели дека инспирацијата ја нашла во „Диор“, златните и кафеави нијанси.
За нејзините костими користени се свила, сатен и брокат, за да изгледа отмено и аристократски.
Стилот на Естела Девил е сосем поинаков од оној на Бароницата, па токму затоа, костимографката Биван вели дека инспирација барала во винтиџ продавници и на пазари. Меѓутоа, сепак на крајот инспирацијата ја нашла во парчиња на Вивиен Вествуд и кројот на Александер Меквин.
Боите на Круела се контрастни - бела, црна и црвена, а посебен предизвик била креацијата во која Круела стои над автомобилот на Бароницата. Истата на почетокот била петешка за носење, а на неа се сошиени повеќе од 5000 парчиња.
Премиерата за овој филм е закажана за крајот на мај!