Кристен Стјуарт е новото заштитно лице на Шанел
•
11 декември 2013
Младата актерка Кристен Стјуарт е новото заштитно лице на францускиот бренд Шанел. Кампањата која ја реализираше уметничкиот директор Карл Лагерфелд ќе може да ја видиме во 2014 година.
Со тоа таа се запишува во листата на светски обожаваните актерки Блејк Лајвли, Кира Најтли и Дајан Кругер кои исто така биле водечки лица на рекламните кампањи на брендот.
Ова за Стјуарт не е прво искуство како дел од комерцијален проект на познат моден бренд. Таа исто така се појавува и во кампањата „Флоработаника“ на Баленсиага.